Судот во Виена ја укина пресудата на поранешниот австриски вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе во случајот за корупција.
Штрахе беше осуден на 15-месечна условна казна минатата година, откако беше обвинет за промена на законодавството во корист на сопственик на приватна болница.
Вишиот регионален суд во Виена утврди дека претходното судење не ги земало доволно предвид потенцијалните текстуални пораки, кои би можеле да доведат до негово ослободување, изјави денеска портпаролот на судот.
Случајот се однесува на донации во 2016 и 2017 година за екстремно десничарската Партија на слободата на Штрахе од страна на оператор на болницата во Виена, кој бил пријател на Штрахе.
Штрахе, кој во времето на донациите беше претседател на партијата, беше обвинет дека помогнал да се промени законот за да се фаворизира бизнисот на неговиот пријател, откако тој станал вицеканцелар.
Штрахе, служеше како вицеканцелар во коалициската влада под конзервативниот канцелар Себастијан Курц помеѓу 2017 и 2019 година.
Владата пропадна поради видеото направено на кое Штрахе очигледно им продава услуги на Русите во вила на Ибица, потсетува ДПА.