475
Косово ја укина забраната за увоз на мед и компир од земјава, а Македонија го стави Косово повторно на листата земји од кои е дозволен увоз на икра и подмладок од риба, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
На прес-конференција во Владата, Бектеши рече дека ќе нема компромис и отстапки кога се работи за стандардите што треба да ги исполнуваат извозниците.
– Пред неколку часа од косовска страна бевме информирани дека е укината бариерата за извоз на мед и компир во оваа земја, информира министерот.
Одговарајќи на новинарско прашање, Бектеши уште еднаш повтори дека нула е штетата од забраната што беше воведена пред околу еден месец.
Владата, потенцира Бектеши, останува посветена на продлабочување на соработката со Косово.