546
По барање на одбраната на денешното судско рочиште во Основниот суд 1 во Скопје, судот го укина притоворот на демонстрантите Здравко Савески и Владимир Куновски.
Според адвокатот Сашо Дуковски, ваквата одлука на судот е принципиелна, иако и на двајцата им е одредена мерка за претпазливост, односно да им се одземат патните исправи и да се јавуваат во одреден рок во судот.
Одбраната го оспори вештачењето што го изврши државното правобранителство, а судењето го одложи за 6 јули.
Тие беа обвинети дека ја демолирале народната канцеларија на Иванов, откако претседателот донесе одлука за помилување политичари.