840
Надлежната комисија на австрискиот парламент му го одзеде пратеничкиот имунитет на шефот на пратеничкиот клуб на Народната партија на Австрија и поранешен премиер Себастијан Курц.
Пратеничкиот имунитет на Курц беше укинат по барањето на обвинителството за економски криминал и корупција, кое против него води истрага за проневера и поткуп.
По одлуката на собраниската комисија, Курц изјави дека сега ќе може послободно да работи на докажување на својата невиност и да докаже дека е жртва на, како што вели, погрешни обвинувања.