Укинат е притворот на екс српскиот министер за градежништво Весиќ, тој останува во болница

by Fokus

На Горан Весиќ, поранешниот министер за градежништво во Србија му е прекинат притворот и тој е во домашен притвор.

Како што дознава српски „Курир“, жалбата на бранителот на Горан Весиќ е прифатена и му е укинат притворот. Се менува одлуката на судот за притвор и му е одредена мерка куќен притвор.

Тој е во лоша здравствена состојба и засега останува во болница. Тој почна штрајк со глад, а вода не пие веќе 20-тина часа.

Горан Весиќ поради влошување на здравствената состојба е префрлен во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Војводина во Сремска Каменица.

Како што дознаваат српските медиуми, тој одбива храна, инфузија и терапија и според лекарот е на работ на срцев удар поради висок крвен притисок.

Тој поднесе оставка пет дена по несреќата на железничката станица во Нови Сад, кога на 1 ноември се урна настрешницата на зградата на станицата.

Тогаш загинаа 15 лица, додека двајца беа тешко повредени.

Поврзани новости