пишува Агим Јонуз
Ни Тутанкамон не бил вечен, а богами никој од оние што себе си се нарекувале ‘’ја па господ’’. Галактичкиот часовник у моментов ни го има сервирано Грујо, па сеа никој не ни е крив што живееме у просек мање од историски потребно за добра прича. Не знам зашто борбата на Заев и Грујо ми изгледа онака мисионерски ко Мојсеј коа ги вадел евреите и на Рамзес му претел, па овој не слушал, па после било што било. Ке излезе ли Мојсеј ербап овојпат или ке биде работава ‘’Шије ми га Ѓура са свилени конац’’, па дури тогаш ке не изеде водата сите заедно онака како што ја лапнала и војската на гордиот и не попустлив фараон сред Црвеното море? Така барем вели историјата ( веќе на која да и веруваш).
Колку краја има сиџимот на македонскиот гордиев јазол? Зошто некој мисли дека опозицијата ке фрла бомби, ке вика ‘’илерии’’, овие ке речат ‘’леле резил се сторивме’’, и ке си одат со подвиткана опашка? Зошто некој мисли дека целава работа оди кон тоа да се среди Македонија и од заутре да биде ‘’силно светнал ден’’? Зошто некој мисли дека туку така еден систем кој се контролира и по вертикала и по хоризонтала туку така ке падне како кула од карти, а од дента потоа ние ке бидеме земја во која ке биде милина да се живее? Ајде да расмислуваме вака:,.. колку ли у резерва и како контра удар чува позицијата бомби и пушки малихери? Аааа? Хе, хе! Зашто некој мисли дека Грујо е глуп да голтне ‘’форхенд без бекхенд’’? Каде плови бродот? Бродот не плови никаде браќа мили. Бродот е фикција исто како оние на Вардар у центар. Бродот поставен кон водата угоре да изгледа дека плови, он у ствари не да шлајфуе, него мама ебава од превара.
Дали е се намештаљка? Јас не реков ‘’да’’! Само прашувам, а со оглед на тоа дека некако премногу време отиде ‘’фира’’ за да се смета дека тапаните за будење во новиот ‘’силно светнат ден’’ мават сериозно. Дали се е така перфектно смислено за да не успее ништо и на крај како кибритчиине на камен мост коа дупат невин народ да се рече ‘’ете, секој даде максимум, ама роковите беа прекратки’’!? Каква небулоза! Молим? Зашто небулоза? Напротив! Сите среќни на крај! Опозицијата може да се колне у господ дека даде се од себе и Зоки се бореше ко лав, ама ете,… Грујо мува не го лази оти ќе остане доследен на ‘’слобода или смрт браќа’’ филмот за Македонија ‘’ ама ке се повлече за да покаже што е тоа патриот’’,.. меѓународната јавност ке извојува уште една победа во смисла ‘’барем ке спречи бетер’’ и ке постави нови работни задачи на патот кон евроинтеграциите, подпомогнати со некое кредитче ‘’ да се најде за чоколадо, де’’. Дали сево ова што го гледаме олицетворено во борба на четворицата јавачи на ( не реков апокалипсата) подоброто утре за Македонија ке резултира на крај со ‘’ај ке праиме влада на широка коалиција по избори’’ за да се мавне со еден куршум четри зајака? Парадоксално ви звучи? Хе,. Хее!
Ајде да размислуваме вака: опозицијата е свесна дека не може преку ноќ да и донесе подобра социјала на земјата па нека има и двојца премиери ортаци еден до друг седнати на седница. Ама,.. у власт – влегуе. Позицијата е еднаш за навек не впишана, туку вклесана во историјата на современа Македонија во име на ‘’камата и пиштолот’’ и клетвата врз нив, а башка има троа на страна и за зимница да си спреми за да се најде на маса уз ракиичка. Ке си остане у некое министерство за да ја покаже онаа легендарна ‘’за Македонија’’ се бориме. Нароот ке рече ‘’ аман бее,.. им текна дека треба да се сплотат’’! Се сплотиле жими такво! Албанскиот кампус ке си добие се што му душа сака, и ке биде славен во народот како ‘’историски победник’’. Сите у власт и сите од Април у една широка коалиција ‘’ за спас на Македонија’’. Сите среќни, сите задоволни, сите како после АВНОЈ 1944-та славан држава која ке ја има до век и веков.
‘’А народ цвета од срече’’,.. само нешто збунет у ќуше ко дете коа ке се укака.
Кој лажел, кој крадел, кој дупел, кој кењал ‘’ван рупе’’, кој кому до балчак,… па зарем е важно. ‘’За Македонија се работи бе’’! Алооооо!……