УЈП со апел до даночните обврзници навреме да ги поднесат ДДВ – 04 пријавите

by Fokus

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави за овој даночен период, навреме да ги достават потребните документи до своите сметководители. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти декември 2024 година (среда), што значи дека остануваат уште пет работни дена за исполнување на оваа законска обврска.

До денес, поднесени се 529 ДДВ – 04 пријави, од очекуваните 7.397 обврзници, што претставува само 7,15 %, од вкупниот број на даночни обврзници. Ова покажува дека значителен број на обврзници сè уште не ја исполниле својата законска обврска.

Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат казни и дополнителни финансиски трошоци.

Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата, велат од УЈП.

Поврзани новости