414
Скоро 86 илјади граѓани се најдоа на листата на должници на Управата за јавни приходи, на кои им се заканува присила наплата за радиодифузна такса.
Според податоците, секој шести граѓанин е должник за радиодифузна такса. Вкупно на 85.790 должници од целата земја, може да им биде блокирана банкарската сметка.
УЈП денска ги повика најдоцна до 13 септември граѓаните да си ги подигнат решенијата за присилна наплата. Имињата на граѓаните кои нема да ги подигнат решенијата, ќе бидат објавени во Службен весник, по што ќе следува присилна наплата.
Во претходните бранови на присилна наплата граѓаните се жалеа дека двојно им се наплаќа за радиодифузна такса. Проблемот се лоцираше во непрочистениот регистар на обврзници.