УЈП: Поддршка од над 10 милиони евра добија 7.710 фирми за исплата на плати

by Фокус

Управата за јавни приходи информира дека се обработени и одобрени барања за финансиска поддршка на 7.710 фирми во износ од 659.324.245 денари или 10.7 милиони евра.

„Заклучно со денешното известување, Управата за јавни приходи одобри и обработи вкупно 17.813 барања за финансиска поддршка на фирми за исплата на плата за месец април 2020 година за 110.325 вработени, а вкупниот износ на финансиската поддршка изнесува 1.545.193.018 денари“, се наведува во соопштението од УЈП.

- Advertisements -

Управата додава дека продолжува со дообработка на останатите барања на фирми кај кои имаше технички недостатоци во МПИН пресметката.

Поврзани новости