710
Управата за јавни приходи (УЈП) денеска соопшти дека сѐ уште е во тек исплатата на повратот на ДДВ која за првото тримесечје треба да заврши до 31 овој месец.
Од УЈП апелираат граѓаните да проверат дали внеле точен број на трансакциска сметка и доколку има потреба навремено да направат корекции.
Досега, според информациите на УЈП, поврат на ДДВ е исплатен кај над 50 проценти од корисниците на МојДДВ.