УЈП: Годишните пријави ќе може да се потврдат или коригираат и викендов

by Fokus

Управата за јавни приходи информира дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат или коригираат претпополнетата годишна даночна пријава во текот на овој викенд.

Ова од причина што крајниот рок за добивање статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно што на 3 јуни, понеделник, годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.

Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени.

Поврзани новости