398
Од Управата за хидрометеролошти работи за денес попладне најавуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, особено во попладневните часови.
Притоа, утре се уште ќе има услови процесите да бидат поинтензивни, а во вторник и во среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.