390
Врнежите од дожд во попладневните и вечерните часови ќе престануваат. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утре ќе има појава на утринска магла, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала доумерена облачност. Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 степени, а дневните од 13 до 21 степен. Во Скопје утринска температура ќе достигне до 9 степени, а дневната до 19 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пораст на дневната температура, а утринската од понеделник наместа ќе се спушта под нулата, информираат од УХМР.