394
Водостоите на реките низ земјава остануват високи, локални излевања се можни во горниот дел од сливот на реката Вардар во Полошкиот регион, во сливот на реката Треска околу месноста Пласница, како и на поедини места во сливот на реките Радика, Црн Дрим, Сатеска и Црна, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
„Во текот на денешниот ден регистрирано е зголемување на водостојот на реките Боротинска, Треска, Црна како и на водотеците од источниот дел на земјата на реките Пчиња, Крива и Струмица. И понатаму останува да биде висок водостојот на реките Радика, Сатеска и горниот дел од сливот на Вардар“, стои во соопштението на УХМР.