УХМР со прогноза за наредната недела: Портокаловата фаза останува на сила!

by Fokus

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје и во околината сончево и многу топло со слаб ветер претежно од северен правец.

Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса.

Времето ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

UV индексот ќе има многу висока вредност 10.

Поврзани новости