УХМР предупредува: Има услови за појава на невреме и град

by fokus

Управата за хидрометеоролошки работи на својата интернет страница објави актуелно предупредување дека попладнево во делови на нашата земја ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и врнежи од град.

„Денес во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град“, соопштуваат од таму.

Поврзани новости