Претседателот на ФПСМ, доктор Јовица Угриновски на денешната прес-конференција говореше за целата ситуација со планинарскиот дом „Даре Џабаз“ на планината Водно. Откако дел од планинарите бурно реагираа дека домот добива нов стопанственик, клубот Х20.
Како што истакна Угриновски, домот ќе ја задржи својата функција, но ќе добие соодветно модернизирање и нов лик за љубителите на планинарскиот туризам.
„Горе домот нема ни вода, ни канализација. Низ медиумите, но и низ планинарските друштва се шират шпекулации дека домот ќе биде претворен во ресторан или хотел. Тоа е лудост, надвор од секоја логика. Федерацијата нема да дозволи „Даре Џамбаз“ да премине во такво нешто, но ќе добие поубаво руво за поголема искористеност на капацитетот“, истакна Угриновски.