652
Владата на денешната седница одлучила да го врати старото работно време за угостителските објекти од времето пред да избие здравствената криза со корона вирусот.
„Донесена одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти до полноќ во работни денови и до 1 часот после полноќ за време на викендот“, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на фејсбук.