632
Вкупно три од пет барања на Независната угостителска комора се прифатени од Владата по денешната средба со вицепремиерот Битиќи.
„Разговаравме речиси два часа. Имаше дискусии и појаснувања околу нашите барања, како и презентација на пакетот мерки што го спрема Владата. Од нашите пет барања, трите се речиси во целост исполнети, четвртото барање останува да се доработи, а во однос на петтото немаше дискусија. Најверојатно месец јануари на некој начин е изгубен во однос на субвенцијата за плати, но државата работи и вложува напори како да ги надомести во наредниот период“, истакна Здравко Јосифовски од НУК.