Угина жирафата Каспер во скопската ЗОО

by Fokus

Од скопската Зоолошката градина информираа дека утрово угинала жирафата Каспер.

„Во тек е обдукција на жирафата од страна на Ветеринарниот институт и веднаш по добивањето на резултатите, ќе Ве информираме за причините за смртта на ова сакано животно, миленик на вработените и на бројните посетители“ – велат од ЗОО Скопје.

Каспер беше во Зоолошката градина Скопје, од ЗОО Штутгард, каде бил од неговото раѓање на 21 јули 2011 година, имаше 12 години и секако дека сите што го сретнале ќе го паметат.

„Скршени се срцата на сите вработени, бидејќи Каспер беше наш омилен. Јавно ќе биде соопштено што е причината за смртта, откако ќе ги добиеме официјалните резултати од обдукцијата која беше извршена утрово од страна на Ветеринарниот факултет. Никогаш заборавен и непреболен, наш Каспер, трчај на небесната савана“ – објавија од Зоолошката градина.

Сега во градината остана уште Флопи, единствената жирафа на која посетителите можеа да и се радуваат во изминатите месеци.

Животниот век на жирафите е околу 25 години.

Поврзани новости