Угина слоницата во ЗОО, имало обид тајно да се однесе во Дрисла?

by fokus

Угина слоницата во скопската Зоолошка градина, пренесува „Скопје1“. Според информации на порталот од ЗОО, и покрај тоа што угинувањето се случило изминатите денови, постоел обид тоа да се скрие.

Од снимките на „Скопје1“ се гледа како со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката. Дополнително, откако беше натоварена во камион, кој неофицијално е на градско јавно претпријатие, врз неа беше фрлана земја и најлони во кои претходно беше замотана, но се искинаа при качувањето во камионот. Според информации на „Скопје1“, слоницата е однесена на депонијата Дрисла.

Поврзани новости