УЕФА укина дел од санкциите кон Русија

by Fokus

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) одлучи да укине дел од санкциите против Русија, дозволувајќи им на младите руски фудбалери да учествуваат на развојниот турнир на УЕФА.

Како што јави агенцијата РИА Новости, руската репрезентација до 16 години од 12 до 18 април ќе игра во Минск заедно со селекциите на Белорусија и Казахстан.

Четвртиот учесник на турнирот ќе биде одреден подоцна во рамките на програмата „УЕФА Асист“.

Иако Русија не учествуваше во ждрепката за европските квалификации за Светското првенство, Рускиот фудбалски сојуз потврди дека постои можност подоцна да биде вклучена и нивната репрезентација.

Членот на Извршниот комитет на Рускиот фудбалски сојуз Михаил Гершкович не го крие својот оптимизам.

“Ждрепката беше направена неодамна, но натпреварите ќе започнат дури следната година. Значи, уште многу може да се смени, па да почекаме. Да ги држиме прстите и да веруваме дека е можно да се најдеме во квалификациските групи” рече тој, како што пренесува рускиот „Шампионат“.

Поврзани новости