Мерих Демирал, турскиот фудбалер, се најде сред скандал поради неговиот потег синоќа по вториот гол во победата на неговиот тим над Австрија од 2-1.
Откако постигна погодок за 2-0 во 59. минута, Демирал со двете раце покажа знак поврзан со озлогласената турска екстремистичка организација „Сиви волци“, позната по својата неофашистичка идеологија, како и масакри, атентати и бомбашки напади, што ја поттикна УЕФА да започне истрага .
Во оваа прилика зборуваше и Ненси Фесер, германската министерка за внатрешни работи:
„Нема место за симболи на турската екстремна десница на стадионите во Германија. Користењето на Европското првенство за промовирање на расизмот е целосно неприфатливо“, напиша таа на социјалната мрежа Х.
Самиот Демирал негираше:
„Начинот на кој славев има врска со мојот турски идентитет“, објасни тој.
Интересно е што овој симбол, познат и како „поздрав на волкот“, беше забранет од властите во Австрија и Франција, додека во Германија се до 2011 година се користеше како знак во образовните институции со кој наставниците им порачуваа на учениците да бидат потивки.