Од овие натпревари не треба да има разочарување во никој случај, а победата над Италија е доказ дека нашата фудбалска репрезентација расте со текот на времето.
Не издржаа нозете и концентрацијата на македонските фудбалери против Португалија, кои покрај се херои на оваа нација. Поддршката е од сите страни, дека Македонија покажала карактер и цврста борба на сите натпревари.
🇲🇰 A journey to be proud of ❤️#WCQ pic.twitter.com/EVbTFSWxuI
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) March 29, 2022
И поради тоа, УЕФА на својот Твитер-налог упати охрабрувачка порака на нашите фудбалери: Патување на кое треба да бидете горди.
И тоа е точно, никој не смее и нема право да ги критикува овие фудбалери кои го дадоа последниот атом да покажат достоинство и храбра игра против португалските ѕвезди. Ова се натпревари не кои ментално се созрева, физички се расте и со големо искуство ќе се влезе во наредните мечеви.