УЕФА е подготвена да го исфрли Јувентус од Европа!

by Fokus

Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус поради наводни финансиски малверзации е тема на судења во Италија.

Најпрво им беа одземени, па потоа вратени 15 бода на табелата во Серија А.

Сега тимот е во исчекување на ново сослушување идниот месец, а потоа ќе се чека одлука, дали казната ќе биде вратена, намалена или ќе има друга санкција.

Според пишувањата на „Газета дело Спорт“, УЕФА води сопствено истражување за случајот со финансиските малверзации.

Европската куќа на фудбалот остава простор италијанскиот судски систем да го реши овој случај, ама ако нема пресуда до крајот на јуни, тогаш УЕФА ќе се вмеша за да ја одреди судбината на Јувентус во Европа.

Јувентус минатиот септември потпиша согласност со УЕФА за финансиски фер плеј кој го имаше прекршено, и клубот беше казнет со 3.5 милиони евра.

Документите кои екипата од Торино ги достави се оспорени и УЕФА може да го казни клубот со исфрлање од европските купови на минимум една сезона.

Поврзани новости