468
Управувајќи товарно возило „Фиат Добло“ во сопственост на приватна фирма од Прилеп, И.Г.(38) од прилепско Селце вчера попладне во Битола удрил тригодишно девојче.
Како што соопшти полицијата, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница Битола.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.