Удрил со трактор во дрво и веднаш починал

by Fokus

Осумдесет и двегодишен старец загинал додека орал со својот трактор, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 18,00 часот во атарот на с.Старо Нагоричани-Куманово, Ц.М. (82) од с.Старо Нагоричани додека орал со трактор на нива во м.в.„Бела грамада“, удрил во дрво, по што тракторот се превртел, а Ц.М. починал на лице место. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Куманово. Со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.

Поврзани новости