Пеесет и петгодишен скопјанец бил удрен со автомобил и веднаш побегнал од местото на настанот, информираа од МВР.
Според полицијата. синоќа после полноќ во 01,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во Градската општа болница “8-ми Септември“ К.К.(50) од Скопје пријавил дека на 31.05.2018 година околу 22,20 часот на платото од бензинска пумпа на булевар “Партизански Одреди“ како пешак бил удрен од патничко моторно возило “Фолксваген Голф 3“ со непознати регистарски тознаки при што возачот по незгодата го напуштил местото на настанот. По незгодата со друго возило К.К. бил пренесен во болницата и од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Од страна на увидна екипа бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.