Вчера во 15:45 часот, на регионалниот пат Струмица-село Баница товарно моторно возило „Застава 640“ со струмички регистерски таблици, управувано од М.Б.(18) од село Баница-струмичко удрило во пешакот Ј.А (43) од селото Баница, а потоа и во патничко моторно возило „Форд Транзит“ со струмички регистерски таблици, управувано од М.Т.(30) од село Водоча.
По незгодата возачот го напуштил местото на настанот, но од страна на полициски службеници во 17 часот бил пронајден. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ј.А. која поради сериозноста на повредите од Медицинскиот центар во Струмица била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица. Се работи на целосно расчистување на случајот.