Удрени две деца со „фолксваген туарег“, едното во тешка состојба

by fokus

Две деца на возраст од 9 години биле вчера удрени со возило „Фолксваген туарег“ на улицата „Алија Авдовиќ“ во Скопје, при што едното дете се здобило со тешки телесни повреди. Со возилото управувал 31-годишниот С.Р. од Скопје.

„Децата биле пренесени во градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде кај едното биле констатирани тешки телесни повреди, а кај другото телесни повреди. Извршен бил увид на местото и се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости