Учителите во Франција, денеска ги напуштија своите работни места, поради според нив, владиниот неуспех да спроведе доследна политика кон училиштата за да се заузда пандемијата од Ковид-19 и правилно да се заштитат учениците и персоналот од заразата.
Учителите, родителите и школските управители имаа потешкотии затоа што новите правила за тестирање најавени се ден пред враќањето на учениците од зимскиот распуст, а оттогаш и двапати се преоменија.
„Достигнавме такво ниво на огорченсот, умор и бес што немавме друга опција туку да организираме штрајк за да пратиме силна порака до владата“, вели Елизабет Ален-Морено, главен секретар на синдикатот на просвета.
Синдикатите очекуваат дека многу училишта ќе бидат затоврени во четврток и дека голем број учители, односно 75 отсто од основните училишта, ќе се придружат на еднодневниот штрајк. Синдикатите кои ги претставуваат училишните директори, инспекотри и другиот персонал исто така се придружија кон сопирањето на наставата.
Владата, која ја промени претходната политика на брзо затворање на класови со случаи на заразени од корона вирус, сега стои зад одлуката одделенијата да бидат отворени колку што може подолго, наведувајќи дека помал степен на компликации е цена која треба да се плати.
„Знам дека е тешко, но штрајкот не ги решава проблемите. Не е можно да се штрајкува против вирусот“, рече минстерот за образование Жан-Мишел Бланкер за француската телевизија BFM TV.
Бројот на случи на зараза во француските училишта нагло порасна, откако земјата почна да брои и по 370.000 новозаразени дневно.
„Исцрпеноста и огорченоста на целата образовна заедница достигна невидено ниво. Одговорноста во оваа хаотична ситуација во потполност лежи во министерот и во владата поради непрестаното менување на ставовите, неизводливите протоколи и недостатокот применливи алатки за да се гарантира нормално функционирање на (училиштата)“, се сложија 11 синдикати во заедничката изјава.