Училиште од Ѓорче Петров 17 дена „крие“ дека имало деца и наставници што патувале во Италија

by Fokus

Училиште во скопската населба Ѓорче Петров веќе 17 дена не превзема ништо иако има патници од Италија преку програмата Еразмус плус – четири ученици и двајца наставници, иако алармот за претпазливост во изминатиот период беше кренат на повисоко ниво и беa воведени вонредни превентивни мерки.

Учениците пристигнале во Македонија на 22 февруари и покрај тоа што понеделникот, 24 февруари беше денот кога во Македонија започнаа да се применуваат првичните мерки за претпазливост за патници од Италија и беше прогласена епидемија. Тие престојувале една недела во Италија, а во Македонија се враќале со комерцијален лет до Софија, а потоа и со комерцијален транспорт до Скопје.

И по реакцијата на дел од родителите, училиштето не го известило навремено Институтот за јавно здравје, туку тоа го сторило на 28 февруари откако децата, освен едно од нив речиси цело време оделе во училиште. Одговор од таму не добиле.

-Родителот веднаш го однел своето дете на клиника каде му се направени тестирање за корона вирус и резултатот бил негативен. Ученикот си имал обична настинка проследена со температура и две недели не посетуваше настава. Наставниците и учениците беа и се вратија од Сицилија (Јужна Италија) пред прогласување на епидемија. Ги следевме препораките од МОН и Владата кои бараа информациии само за посочените критични региони во Севрна Италија, велат од училиштето.

Од Министерството за образование коментираат дека тие пратиле допис кој што се однесувал на сите училишта, а и со насока за понатамошни информации истите да се обраќаат до Институтот за јавно здравје.

Надлежните во Институтот за јавно здравје денеска беа недостапни за медиумите.

Според СЗО периодт на инкубација е од 14 до 27 дена, дали оваа институција ги загрозила останатите ученици и зошто не биле превземени посериозни мерки ќе видиме во следниот период.

Соња Танеска

Поврзани новости