41
Најмалку седум лица се удавија, а 20 се повредени, од кои повеќето деца, кога училишен автобус излетал од патот и паднал во река во северозападна Сирија, соопштија локалните власти, пренесува ABC News.
Несреќата се случила во близина на градот Даркуш, западно од градот Идлиб, кога автобусот паднал во реката Оронтес. Спасувачките тимови околу шест часа барале преживеани на карпите и во реката.
Засега не е јасно поради што автобусот излетал од патот.
Ахмад Гандур, лекар во болницата во Даркуш, која ги прими жртвите, рече дека учениците и наставниците во автобусот се од училиштето за деца без родители.