Учесници од 44 земји досега се пријавиле на јубилејниот Виз Ер Скопски Маратон!

by Fokus

Скопје се подготвува за јубелјното, 20-то издание на Виз Ер Скопски Маратон, кој ќе се одржи на шести октомври 2024 година, а пријавувањето кое започна во март, ќе трае до 20-ти септември.

Заинтересираноста била огромна и досега се пријавиле учесници од 44 земји. 

-Вториот бран на пријавување и плаќање котизација е веќе во тек и ќе трае до 25.07.2024, а ден потоа цените за учество се менуваат.

Трката има ограничен број на учесници и доколку се пополни предвидениот број на учесници, пријавувањето може да се затвори.

Учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон – ЕУ за спорт и трката на 5км, велат од организацијата на маратонот.

Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA) и АФСМ.

Организатор на Виз Ер Скопски Маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК „Работнички“ и АК „Скопски Маратон“, додека покровители на трката се Град Скопје, Делегација на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.

Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 евра од насловниот спонзор на трката, Виз Ер.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости