Во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ наставата е обновена од денес, потврди за Радио и телевизија на Србија (РТС) Снежана Вуковиќ од Министерството за образование.
Во ова училиште наставата беше прекината по 3 мај, кога тринаесет годишен ученик во напад со огнено оружје уби девет ученици и чуварот на училиштето. Наставата во наредните денови ќе се одвива со зголемено присуството на полицијата.
Претставничката на српското Министерството за образование посочи дека децата во ова училиште ќе имаат повеќе часови отколку во изминатите две недели, кога децата имаа по два до три часови дневно.
„Денес е различно по тоа што учениците VII-2 ќе дојдат на час попладне. Тие самите инсистираа да разговараат со терапевти. Со нив сме во постојан контакт. Тие инсистираа да започнат часови по физичко и здравствено образование. Утре ќе започнеме со настава по физичко образование и настава по географија Да одиме постепено“, изјави Вуковиќ, пренесува РТС