Стафилококни токсини и бактерии од фекално потекло се причината за труењето на осумтемина лица од Делчево меѓу кои и шест ученици од делчевските деветолетки.
Ова го покажаа резулатите од микробилошката анализа на храната и брисевите од сендвичарницата и од вработените, а д-р Магдалена Манасиева, директор на Центарот за јавно здравје Кочани, денеска информираше дека испитаните мостри од храната и брисевите од сендвичарницата „Кинг“, не одговараат на микробиолошката исправност на храната.
– Најдено е присуство на енетропатогени бактерии од родот на стафилококи кои лачат стафилококни токсини кои предизвикуваат гастроинтестинални заболувања на луѓето и присуство на енетропатогени бактерии од фекално потекло. Ова, најверојантно, се должи на несоодветната хигиена во објектот и несоодветниот начин на чување на храната. И на адекватната хигиена на персоналот кој работи овде, несоодветни услови на чување на храната, нестерилен инвентар и садови, загадени раце – истакна Манасиева.