165
Ученици, родители и наставници утрово чекаа ред за да се потпишат во книгата на жалост за немилосредно убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска. Тие чекаа во ред пред училиштето „Јохан Хајнрик Песталоци“ во Центар, каде што учеше Вања.
Со солзи во очите и рози во рацете стоеја со наведнати глави.
На маса пред влезот на училиштето е поставена слика со ликот на 14-годишната Вања, прекриена со црна лента.
Околу училиштето има засилено полициско обезбедување.
„Ни замина Вања“, рече наставичката која на Вања ѝ предавала од прво до трето одделение. Рече дека Вања била мирно и повлечено дете.
Во редот чекаше и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.
Фото: „360 степени“