Ученикот кој падна од прозор од училиште е надвор од животна опасност, директорката ги откри деталите за немилиот настан

by Fokus

Ученикот од прилепското училиште „Гоце Делчев, кој падна од прозорец, бил одличен и беспрекорно послушен ученик, вели директорката на училиштето, Снежана Котева.

Таа се огласи по немилиот настан. Вели дека се работи за ученик кој е беспекорно послушен, дисципиниран, воспитан, одмерен, дружељубив, трудољубив, редовен ученик со одличен успех и примерно поведение.

„Во текот на вчерашниот ден во попладневната смена, за време на големиот одмор, се случи пад на ученик од втор кат на училиштето. Веднаш по известувањето за случката отидовме на местото и ученикот беше во контактибилна состојба, свесен временски и просторно.

Во истиот момент од моја страна е повикана единица за итна медицинска помош, која интервенираше веднаш. Потоа ученикот е транспортиран со амбулантно возило до одделението за анестезија и трауматологија, во општата болница „Борка Талески” – Прилеп во наше присуство, мое и на класниот раководител.

По одредени испитување добиена е препорака за транспорт на ученикот во државната болница „Мајка Тереза”- оддел клиника за детска хирургија како придружба на мајката во периодот на хоспитализацијата на ученикот и дополнителните испитувања присутни бевме јас, како раководител на институцијата и класниот раководител на ученикот.

Касно околу полноќ од дежурниот лекар на клиниката за детска хирургија добивме информација дека ученикот е во добра општа здраствена состојба, контактибилен, со одредени повреди, но е надвор од животна опасност и е во стабилна здравствена состојба.

Сакам да истакнам дека станува збор за ученик кој е беспекорно послушен, дисципиниран, воспитан, одмерен, дружељубив, трудољубив, редовен ученик со одличен успех и примерно поведение.

Од страна на вработените во училиштето е постапено навремено и правилно. Дежурните наставници најодговорно ја извршуваат својата обврска, во однос на дежурствата и присуството во ходниците во училиштето, почитувајќи го кодексот на однесување.

Моменталната состојба после обавениот разговор во текот на денешниот ден со родителот е стабилна и под контрола”, напиша директорката Снежана Котева.

Поврзани новости