Инцидент во основно училиште во Загреб. Родител на еден ученик и се заканил на наставничката дека ќе се повтори белградското сценарио затоа што ученикот добил опомена, пренесува „РТЛ“.
Полицијата вчера интервенирала поради сериозните закани од можно белградско сценарио. Бил претресен домот на ученикот, а настанот е пријавен во Министерството за образование.
„Министерството за наука и образование добило барање од основното училиште да се направи интервенцијаи истата е спроведено. Директорот на основното училиште бил известен за процедурите за заштита на учениците и бил упатен да го пријави вчерашниот настан согласно протоколот за справување со насилство кај децата и младите“, велат од тамошното Министерство за образование.
Од Синдикатот „Препород“ велат дека треба уште многу да се работи на безбедноста во училиштата, а најголем проблем е што директорите често не сакаат да зборуваат за тоа.