Ученик со пиштол пукал во училиште во Белград-чуварот убиен, неколку деца ранети

by fokus

Ученик од седмо одделение утрово околу 8 часот влегол во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград и почнал да пука со пиштол во учениците, јавуваат српските медиуми.

Според првите неофицијални информации, повредени се пет деца, а потврдено е дека е убиен чуварот на училиштето.

Нова.рс пишува дека ученикот наводно пукал во поранешната наставничка и чуварот кој бил убиен. Малолетникот на возраст од 14 години е уапсен.

Поврзани новости