Инцидент се случил во училиште во градот Челјабинск, кога ученик со чекан нападнал врсници и наставници.
Итната помош излегла на местото на настанот. Некои од нападнатите се хоспитализирани, потврди шефот на регионот Алексеј Текслер.
– Органите на редот, градоначалникот на градот и народниот правобранител за правата на децата работат на лице место – рече Текслер, кој ја презеде личната контрола на ситуацијата.
Тој наведува дека се уште не е јасно како ученикот го донел чеканот во училиштето и зошто обезбедувањето не реагирало.
– Им наредив на органите на прогонот, на Министерството за образование, на градската администрација и на Комесарот за правата на децата детално да ја разгледаат ситуацијата, исто така им наложив да извршат инспекциски надзор во сите образовни организации – вели тој.