796
Седум до десет ученици од второ одделение од Основното училиште „Коста Рацин“ од радовишкото село Подареш ќе бидат ставени во изолација, откако нивен соученик на седумгодишна возраст е позитивен на тест за корона вирус, објави Сител.
Информацијата ја потврди директорката на Центарот за јавно здравје во Штип, Марија Димитрова.
-Останатите ученици од прво и од трето одделение, кои посетуваат настава во ова училиште не се ставаат во изолација, бидејќи според анкетата немале контакт со учениците од второ одделение, вели Димитрова.
Додаде дека одлуката да се стават децата во изолација ја донеле попладнево во консултациja со епидемиолог од Радовиш.