Ученик извадил пластичен пиштол на час по едноминутно молчење во основното училиште во Обреновац

by fokus

Ден по трагичниот настан во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, ученик од седмо одделение од основното училиште „Јефимија“ во Обреновац донел пластичен пиштол на училиште, го извадил од ранецот и му го покажал соучениците.

Инцидентот се случил веднаш по едноминутно молчење, при што децата им оддадоа почит на настраданите во ОУ „Владислав Рибникар“.

„Ученикот од седмо одделение по едноминутно молчење извадил пластичен пиштол. Полицијата ќе разговара со него, како и со неговиот татко“, изјавија од МВР.

Децата биле преплашени, а училиштето го известило Центарот за социјална работа и полицијата.

Во сите училишта во Србија денеска наставата започна со едноминутно молчење поради вчерашната трагедија во која ученик од седмо одделение во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет, а повреди седум лица.

Поврзани новости