Ученик од ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп паднал преку прозорец од третиот кат

by Fokus

На првиот училиштен ден од второто полугодие 11- годишен ученик од Основното училиште „Гоце Делчев“ во Прилеп преку прозорец од третиот кат паднал во училишниот двор.

Ученикот веднаш е префрлен во прилепска болница, а од таму итно е испратен и хоспитализиран во Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност, изјавил за Канал 5 директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски.

Според него, детето има повреда на пршлените и скршеници на петиците на нозете.

Според информациите, несреќата се случила во втората смена на големиот одмор кога сите ученици биле излезени во дворот.

Поврзани новости