(ВИДЕО) Ученичка пукаше во школо во Русија, повреди петмина и се самоуби

by Fokus

Утрово имало пукање во училиште во Брјанската област во Русија, потврдија оперативните служби за руската државна новинска агенција Тас. Ученичка од осмо одделение, девојче, донела огнено оружје (во училиште) од кое пукала неколку пати“, рекол изворот.

„Според првичните информации ученичката внела огнено оружје во зградата на Гимназијата бр.5 и испукала неколку истрели при што повредени се петмина. Потоа девојчето се самоубило“, соопштија од полицијата. Претходно информираа дека тројца се ранети.

„Едно дете е примено, има повреди на рамото и коленото, состојбата е со средна сериозност. Даваме прва помош и најверојатно ќе биде пренесено во детска болница“, соопштија од градската болница во Брјанск.

Од Регионалната детска болница известија дека е примено уште едно повредено дете со рана на левото рамо. „Има 14 години, има прострелна рана. Состојбата е средно тешка, хоспитализиран е“, рекол изворот.

На местото на настанот работат полицијата и итната помош. Се истражуваат околностите на инцидентот. Градската управа извести дека две лица загинале, а четворица се повредени, но објавата подоцна била избришана.

 

Поврзани новости