Учебната година сепак ќе почне на први септември

by Фокус

Нема да има одложување на почетокот на учебната година од први на петнаесетти септември како што бараа хотелиерите, одлучи Владата на вчерашната седница.

Владата ја разгледала иницијативата  на хотелиерите за продолжување на летниот распуст поради слабите резултати во туристичката сезона во мај и јуни, но било констатирано дека на безмалку триесетина дена до почетокот на новата учебна година е предоцна да се прават какви било корекции.

-Го разбираме барањето и иницијативата на дел од туристичките работници, меѓутоа секогаш се водиме од најдобриот интерес на учениците. Учебната година, како и секогаш, ќе почне на 1 септември и апелирам до учениците и нивните семејства да си ги реализираат своите подготовки за почеток на наставата, изјави  заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

 

Поврзани новости