Во Вишото јавно обвинителство во Смедерево бил сослушан таксистот Д.А.(58), кој Урош Блажиќ, масовниот убиец од Младеновац го киднапираше по неговото крваво дивеење, каде што детално ја опишал агонијата низ која поминал во тие шест часа, откако убиецот влегол во неговиот автомобил со бомби.
Додека чекал ред на наплатната рампа околу 23:30 часот, во возилото влегол млад човек со торба в рака и му се обратил со зборовите: „Вози, имам бомба“. Седнал до патник кој веќе бил во таксито. Кога видел полиција, му наредил само да вози.
„Таксистот рече дека е исплашен, особено откако Блажиќ му кажа дека убил повеќе од 20 луѓе. Сопатничката во возилото му рекла да се смири и дека е бремена. Блажиќ потоа се смирил и побарал од таксистот да го вози кон Младеновац. Но, тој сепак го убедил да одат во Уб, за никој да не се посомнева дека нешто се случува“ – вели извор на српски „Блиц“ запознаен со случајот.
Убиецот ги предупредил таксистот и патникот: „Ќе ви биде добро, само треба да ме слушате“.
Девојката излегла од возилото во Уб и таму ја пречекало нејзиното момче, додека таксистот продолжил со убиецот.
„Откако девојчето си замина, Блажиќ му рекол на таксистот да ги исклучи мерачот и таблата и му наредил да оди до Крагуевац, по споредни патишта. Бидејќи таксистот останал без бензин, тие застанале на бензинска пумпа да наполнат. Таксистот рекол и дека убиецот двапати дремел и после тоа бил многу посмирен“, вели изворот на „Блиц“.
Според изјавата на таксистот, Блажиќ рекол дека убил некои луѓе, дека имал автоматска пушка што ја фрлил, а со себе имал и пиштол кој му испаднал.
Во еден момент почнал да ги чита вестите во кои се зборувало за тоа што го направил. На крајот од возењето, во Вињиште, од таксистот побарал 3.000 динари за храна и ветување дека нема да го пријави.
Урош Блажиќ на 4 мај уби пет селани во селото Мало Орашје, од кои најмладиот имаше 15 години. Потоа уби полицаец, неговата сестра и нивната пријателка во селото Дубона. Уапсен е следниот ден во близина на Крагуевац.