Полицијата во српскиот град Панчево синоќа пронашла три безживотни тела во стан, а обвинителот наредил итна обдукција.
Нивните пријатели, исто така руски државјани, утрово загрижено пријавиле дека нивните пријатели веќе подолго време не се јавуваат на нивните телефони.
Станот во кој живеело семејството од Русија бил пломбиран.
Според се уште непотврдени информации, маж (51) најверојатно со нож ги убил сопругата (50) и детето (9).
– Беа мирни. Не ги гледавме често. Слушнавме дека имаат рани од нож на вратот. Велат дека имало многу крв во станот – рекол еден од соседите.
Според „Телеграф.рс“, тие дошле од Русија минатата година. Имале важечка дозвола за престој. Од тоа семејство немало пријави за нарушување на јавниот ред и мир.
Истрагата ја води Вишото јавно обвинителство Панчево.