Тепачка во која е убиена жена се случила денеска во барот „Пин“ во центарот на Риека, јави агенцијата „Хина“, повикувајќи се на извори од Полициската управа на Приморско-горската жупанија.
Според првите податоци, во тепачката учествувале маж и жена.Во 14.42 часот полицијата добила пријава дека во бар на Павлинскиот плоштад дошло до тепачка, како и дека е повредена една жена. Полициски службеници, како и медицински лица излегле на местото на настанот и се обиделе да ја реанимираат повредената жена. Полицијата веднааш по убиството го уапсила осомничениот.
Првичните информации од полицијата велат дека жртвата бил тепана со раце и нозе, а лицето ѝ било смрскно до непрепознтливост.
Весна Вагнер, 74-годишна жена се нашла во кафулето кога се случило убиството. Според неа, станува збор за помлад маж кој бил во друштво на постара жена и во еден момент ја нападнал од чист мир.
– Често доаѓаат во ова кафуле, таа има над 70 години и е многу постара од него. Нарачаа чај и кафе. Тој ме гледаше и мене па келнерот ме предупреди да излезам надвор. Тоа ме спаси, бидејќи можеби ќе ме нападнеше и мене. Одеднаш Тој скокна врз неа на шанкот. Ја фати за лице и ја овлече зад шанкот. Почна да ја гребе, да ја удира, ѝ го осакати лицето. Незамисливо ми е тоа што ми се случуваше пред очи. Беше страшно. Кога дојде полицијата побегна и го видов како трча по плоштадот Коблер. Тој обично пее црковни песни на Корзото, а се вика наводно Романо, изјави жената.
На келнерот, пак, од глетката и шокот му се слошило па брзата помош и него му пружила помош.