1.2K
Синоќа во Приштина жена го убила својот девер, по што и се предала на полицијата. Таа кон него испукала шест куршуми од огнено оружје, пишува Теве1.
„Убиството се случило околу 19 часот и 20 минути на улицата `Исмет Красница`. Полицијата веднаш излегла на местото на злосторството, каде што започнала истрага“, изјави за Газета – Флора Ахмети, портпаролка на косовскаta полиција за регионот на Приштина, пренесува Косово онлајн.
Таа додаде дека во тек е распитот на осомничената за расветлување на сите околности на кривичното дело.
Според медиумите убиен е Џевдет Милаку (60), а за делото осомничена е неговата снаа Назмија Милаку.